Турција: Во тек е евакуација на населението поради покачување на нивото на морето

by Administrator

Жителите на градот Искендерун, во турската провинција Хатај, почнаа да се евакуираат поради зголемувањето на нивото на морето по земјотресите во Турција и Сирија, јави турскиот медиумски сервис НТВ.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала погоди делови од Турција и Сирија во понеделник наутро, на 6 февруари. По првиот следеа неколку посилни земјотреси, а потоа и неколку стотици послаби.

Во земјотресите досега загинаа повеќе од 7.100 луѓе, 50.000 од нив беа повредени, а уништени се неколку илјади куќи.

Извор:nezavisne

You may also like