Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти својата земја по втор пат од почетокот на војната за да ги посети западните сојузници.
По посетата на Вашингтон во декември, Зеленски денеска пристигна во Лондон, а беше објавено и дека ќе замине во Брисел, иако нема официјална потврда.
Иако аналитичарите сметаат дека последните потези на Зеленски се пред се симболични, не исклучуваат дека има поконкретни причини за посетите, но најверојатно ќе бидат познати дури по средбите со официјални лица, пренесува Еуроњуз.









