Авганистан под талибанците го претстави својот прв „суперавтомобил“. Беше објавено дека прототипот на возилото наречен Мада-9 е развиен во рамките на заедничкиот проект на Одделот за техничко и стручно образование во Авганистан и Центарот за иновации и компанијата ENTOP.

Мухамед Реза Ахмеди, извршен директор на ЕНТОП, изјави дека проектот поддржан од Министерството за информатика траел околу 5 години.

На прототипот на овој спортски автомобил работеле 30 инженери од компанијата ENTOP и авганистанскиот технички институт во Кабул.

Перформансите на патот допрва треба да се тестираат.

Инженерскиот тим тврди дека моторот е земен од „Toyota Corolla“, па тешко дека ќе може да се натпреварува, на пример, со „Bugatti“ или „Mclaren“.