Иранците денес протестираа против Франција поради карикатурите кои го навредуваат врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи објавени во францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo.

Голем број луѓе се собраа пред зградата на француската амбасада во Техеран, реагирајќи на карикатурите во списанието, извикувајќи слогани како „Срам за Франција, престанете со непријателството“, „Долу Англија, долу Израел“, „Долу со Франција, долу Америка“.

Не интервенираа безбедносни сили. Групата брзо се растури.

Францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo објави карикатури на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи во поддршка на протестите во Иран.

Со поканување на францускиот амбасадор во Техеран, Николас Рош, во Министерството за надворешни работи, Иран и даде нота на француската влада.

Иранските власти го затворија францускиот институт во Техеран, кој работи во рамките на француското Министерство за надворешни работи.