Пред Собранието на Црна Гора вечерва избувнаа нереди меѓу учесниците на протестот и полицијата, откако беа изгласани измените на Законот за претседател на Црна Гора.
Учесниците на протестот пред зградата на Собранието ја пробиле заштитната ограда, по што полицијата употреби солзавец. Во правец на полицијата биле фрлани камења, а во таа прилика било искршено стаклото на влезната врата од Собранието, која во моментов нема струја. Полициската управа извести дека нема сериозни повреди. Полицијата наведува дека лица со маски и качулки кон полицајците фрлале со камења, шишиња, пиротехнички и експлозивни средства, како и дека употребиле рачен спреј и солзавец.
Велат дека во таа прилика биле погодени повеќе полицајци како и зградата на Собранието. Полицијата наведува дека употребила најблаго средство за присилба – спреј за раце со иритирачко дејство, за да одбие активен напад. Според Управата на полицијата, денеска околу 17:30 часот организаторот на народниот собир во Подгорица, кој се одржа пред зградата на Собранието на Црна Гора, ги повикал насобраните граѓани да се разотидат и соопштил дека собирот е завршен.










