Ердоган: Откривме 150 милиони барели нето резерви на нафта на планината Габар

by Administrator

Турција откри 150 милиони барели нето резерви на нафта на планината Габар на југоистокот на земјата, во вредност од 12 милијарди долари, објави во понеделникот претседателот Реџеп Таип Ердоган. – На планината Габар откривме 150 милиони барели нето резерви на нафта.

Тоа е едно од 10-те најголеми откритија на копно во 2022 година. Вредноста на резервите е приближно 12 милијарди долари – изјави Ердоган по владиниот состанок во главниот град Анкара. Анкара има за цел да го зголеми дневното производство, со повеќе сеизмички истражувања, повеќе дупчење и методи за зголемување на продуктивноста, додаде Ердоган.

You may also like