Кина денеска објави дека го испорача својот нов патнички авион Ц919, кој ќе му конкурира на А320 на Ербас, а треба да полета на комерцијален лет за прв пат на почетокот на 2023 година.

Тоа е првиот патнички авион со среден дострел произведен од кинеската државна компанија Comac, иако повеќето важни делови се увезени. C919 има два мотори и ќе се натпреварува и со 737 MAX на Боинг. Првиот авион C919, кој може да прими 164 патници, официјално и беше предаден на кинеската компанија China Eastern на церемонија одржана на аеродромот во Шангај, објави државната телевизија CCTV.

Овој настан е „важен чекор напред“ во кинеската авијациска индустрија, според телевизијата. На аеромитинг во ноември, Comac изјави дека има нарачка за 300 C919. Но, тој не откри детали за вредноста на договорот или датумите на испорака. Според кинеските медиуми, четирите авиони треба да бидат испорачани на China Eastern, втората по големина кинеска авиокомпанија по број на патници, од крајот на 2022 година, а ќе бидат пуштени во употреба во првиот квартал на 2023 година.

Производството на C919 не ја спречи Кина да го затвори договорот со Ербас вреден 17 милијарди долари на почетокот на годината. Во ноември, европскиот производител на авиони започна со производство на А321 во фабрика во Тијанџин, во близина на Пекинг.

737 MAX на Боинг не лета во Кина по двете големи авионски несреќи во 2019 година.