Верувам дека со текот на времето сите земји во светот ќе се трансформираат во „Џамахирија“ (Народни републики).Како што Француската револуција ја започна ерата на Републиката, така и ние ја започнуваме ерата на „Џамахирија“.

Сега преминувате во фазата што ја најавивте во Зелената книга. Какви се тие промени?

Конечно ќе воспоставиме влада на народот. Водачите на револуцијата ќе ја пренесат власта на народот, кој ќе владее преку Народните совети и Народните одбори, без претставници и претседатели.

А исламот? Дали ќе игра улога како структура како во другите арапски земји?

Верувам дека социјалната правда е дел од Куранот и Библијата и една од главните цели на исламот и христијанството. Нема противречност меѓу социјализмот и исламот, или социјализмот и христијанството.

Каква ќе биде вашата реакција кога Египет и Израел ќе потпишат договор за помирување?

Ќе го ставиме египетскиот режим на црна листа.

Што ќе постигне тоа?

Тоа ќе му покаже на целиот свет и на самите Египќани дека патот на Садат е пат на предавството.

Како ја гледате ситуацијата во Иран?

Тоа е народна револуција и вистинска работа, против диктаторскиот режим на Шахот, против влијанието на САД и заостанатоста на таа земја. Народната револуција е лек за овие болести.

А Саудиска Арабија? Дали таа ќе доживее таков немири?

Секако. Времето ќе доведе до истото сценарио и во Саудиска Арабија. Мислам дека Египет ќе помине низ народна револуција порано од Саудиска Арабија.

Дали мислите дека Америка го губи влијанието во овој дел од светот?

Не, Америка е многу силна во овој дел од светот.

А влијанието на СССР?

Не го гледам „влијанието“ на СССР, гледам само соработка меѓу СССР и другите земји.

Како што влегуваме во 1979 година, какви промени не очекуваат?

Целиот свет влегува во состојба на промени, а мојата желба е сите, особено католичкиот свет да се вратат на читање на Библијата, бидејќи сега работат против зборовите на Христос. Тоа е мојата желба за новата година.

Документарецот продолжува со репортажа за либиските земјоделци, кои се описмениле дури по револуцијата. Наведен е пример еден од нив, на кој државата бесплатно му обезбедила фарма, стока, куќа и трактор. Се вели дека државата инвестирала по 45.000 фунти во секој фармер за да започне бизнис. Добија и садници: маслинки, смокви, праски и сливи.