Трговијата со енергетски производи меѓу Русија и Кина постојано се зголемува и досега оваа година во монетарна смисла е зголемена за 64 отсто, изјави во петокот рускиот вицепремиер Александар Новак за ТВ каналот „Росија 24“. Неговите коментари уследија по состанокот на руско-кинеската меѓувладина комисија за енергетска соработка.

„Кина е наш стратешки партнер во азиско-пацифичкиот регион и во трговијата воопшто“, рече тој, истакнувајќи дека зголемувањето во физичка смисла е околу 10 отсто во снабдувањето со нафта, гас, јаглен и електрична енергија. Потпретседателот објасни дека двете земји имаат за цел натамошен развој на трговските односи, а особено работат на зголемување на учеството на националните валути во енергетските трансакции. Преминуваме на пресметки во рубли и јуани за снабдување со енергија“, изјавил Новак.