Предложената посета на контроверзниот израелски политичар Дан Меридор предизвика бес кај „Кембриџ“ Универзитетот и пошироката заедница. Меридор, кој беше заменик на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на израелскиот воен напад врз Појасот Газа во 2012 година, е меѓу растечката листа на израелски осомничени за воени злосторства кои избегнуваа да ја посетат Британија во минатото поради страв од апсење.

Во соопштението од членовите на универзитетот и пошироката заедница се вели:

„Како заедница која се бори против угнетувањето и расизмот, ги повикуваме сите да се спротивстават на одржувањето на Меридор на нашиот универзитет и нашиот град и ги повикуваме студентите, академиците, членовите на Унијата и сите поддржувачи на палестинската слобода да го потпишат ова отворено писмо и да го бојкотираат настанот како знак на солидарност со народот на Палестина под окупација и во бегалските кампови ширум светот. Ние се солидаризираме со народот на Палестина и изјавуваме дека Ден Меридор не е добредојден овде“.