Турска добротворна организација изгради 359 домови за сириските бегалци во Идлиб

by Administrator

Здружението за турска хуманитарна помош „Haq“, ја заврши петтата фаза од проектот домови за сириските бегалци во Идлиб, откако им предаде 359 домови на сириските бегалци во Идлиб.

Во соопштението, добротворната организација истакна дека нејзиниот проект ја поддржал кампањата започната од турското Министерство за внатрешни работи во соработка со Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) за изградба на домови за сириските бегалци во Идлиб.

Кампањата на Министерството за внатрешни работи започна во јануари 2019 година и беше наречена „Ние сме со Идлиб“, со цел да се задоволат потребите на сириските бегалци.

Во август оваа година Турција ја заврши изградбата на повеќе од 60.000 куќи во Идлиб. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу во ноември објави дека Турција планира да ја заврши изградбата на 100.000 домови за раселените Сиријци во Идлиб до крајот на 2022 година.

You may also like