Православните христијани и муслиманите треба заедно да се борат против „отворениот сатанизам“ со кој се соочуваат верниците, изјави јеромонахот Григорије (Матрусов), претседател на стручниот совет за соработка со исламскиот свет при Патријаршијата на Руската православна црква.
„Исламот и христијанството се исправени пред голем предизвик: или ќе станеме вистински сојузници и ќе ги победиме заканите на отворениот сатанизам со кои се соочуваат верниците, или нема да најдеме практични опции за соработка“, рече Матрусов.
Од друга страна, главниот муфтија на Руската Федерација Талгат Таџудин истакна дека дијалогот меѓу исламот и православието трае со векови.
„Речиси две милијарди муслимани искрено веруваат во второто доаѓање на Исус Христос. ( Иса.а.с) Тоа е повеќе од доволно за дијалог.
. Експерти од различни земји учествуваат на меѓународната конференција „Православието и исламот – меѓуверскиот дијалог за постигнување глобален мир“ што се одржува во Москва.








