Стотици Палестинци денеска ја одбележаа 18-годишнината од смртта на нивниот лидер Јасер Арафат. Поголем бро на Палестинци со фотографии од Арафат пристигнале до неговиот гроб во Рамала, на Западниот Брег.
„Арафат беше исклучителен лидер и симбол за палестинското единство“, изјави Махмуд ал-Алул, заменик-претседател на движењето Фатах. Училиштата низ Западниот Брег го посветија својот прв час за да ги потсетат на улогата што Арафат ја одигра во палестинската борба против децениската израелска окупација. Во 2002 година, израелските власти го ставија Арафат во домашен притвор во Рамала на окупираниот Западен Брег.
Комплексот, во кој се наоѓа и седиштето на палестинските власти, беше под опсада на израелските сили две години. Во 2004 година, Арафат се разболе и беше објавено дека боледува од грип. Сепак, тој во никој случај не се опоравуваше.
Во октомври 2004 година, тој беше пренесен на лекување во Франција, каде што почина на 11 ноември. Поради израелската окупација, волјата на Арафат да биде погребан во Ерусалим не беше исполнета, но тој беше погребан во Рамала. Постојат теории кои укажуваат на сомнеж дека Арафат бил отруен.
(Vijesti.ba / BHRT)









