Ќе има се повеќе вакви изјави и „резултати“ како што се повеќе ќе се развива агендата за климатските промени.
Смртта на најмалку 15.000 луѓе во Европа е директно поврзана со големите топлотни бранови што го погодија континентот во текот на летото 2022 година, се вели во се уште нецелосната проценка на Светската здравствена организација објавена денеска по повод климатскиот состанок на ОН COP27.
Летото 2022 година, наводно, било најжешкото досега на стариот континент, предизвикувајќи бројни температурни рекорди и драматични пожари. „Врз основа на веќе објавените национални податоци, се проценува дека 15.000 луѓе умреле директно поради жештината во 2022 година“, истакна во соопштението на европскиот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Тој биланс, кој вклучува 4.500 смртни случаи во Германија, скоро 4.000 во Шпанија, повеќе од 3.200 во Британија и околу 1.000 во Португалија, се очекува да се зголеми бидејќи повеќе земји известуваат за зголемена смртност поврзана со топлина, рече тој. Според податоците на СЗО, екстремните температури се одговорни за 148.000 смртни случаи во Европа во последните 50 години.
Со 15.000 смртни случаи, веројатно повеќе, за една година, само 2022 година би претставувала 10 отсто од тој вкупен број. „Климатските промени веќе не убиваат, но повеќе смртни случаи може да се избегнат со силна акција денес“, изјави Светската здравствена организација за време на тековниот климатски состанок COP27 во Египет. Според извештајот на ОН објавен минатата недела, Европа е континентот кој најбрзо се затоплува, забележувајќи пораст на температурите повеќе од двапати од глобалниот просек во последните 30 години.










