Повеќе од 500 лица денес беа уапсени во Турција, осомничени за врски со турскиот имам во егзил Фетула Ѓулен, кого турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвинува за обид за државен удар во 2016 година.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека издале „704 потерници, а 543 лица се уапсени“, пренесува агенцијата Бета. Осомничените се уапсени за примање и прераспределба на пари, кои доаѓале од странство од поддржувачи на имамот Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД).
Апсењата беа насочени кон финансиската структура на движењето Ѓулен, а беа извршени во 59 турски провинции. Ердоган смета дека Ѓулен (81) е иницијатор на обидот за пуч во јули 2016 година. Според досегашните податоци, турските власти од обидот за пуч уапсиле повеќе од 300.000 луѓе од редовите на полицијата, судството, армијата и интелектуалците.
(Vijesti.ba)










