ПАРИЗ – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја не сака светска војна.

„Ние не сакаме светска војна“, напиша Макрон на Твитер.

Тој додаде дека Париз и помага на Украина да се одбрани „на нејзина територија“, но не и да ја нападне Русија. Макрон оцени дека рускиот претседател Владимир Путин мора да ја прекине војната и да го почитува територијалниот интегритет на Украина. Заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Александар Венедиктов, претходно изјави за ТАС С дека влезот на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна, пренесува Танјуг.