Ердоган и Путин разговараа за последните случувања во Украина

by Administrator

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, со својот руски колега Владимир Путин разговараа за последните случувања во врска со војната меѓу Русија и Украина, како и за билатералните односи меѓу Москва и Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Директоратот за комуникации на Туркије, во телефонскиот разговор помеѓу Ердоган и Путин станало збор за можностите за дополнително унапредување на турско-руските односи, како и за последните случувања во војната во Украина.

Ердоган, исто така, повторил дека Туркије е подготвена да даде свој максимален придонес за мирно решавање на украинското прашање на начин што ќе биде од корист за сите.

You may also like