Главните синдикати во Франција организираа штрајкови и повикаа на протести на улиците на Париз и другите градови поради планот на владата да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Тие, исто така, бараат зголемување на платите и социјалната помош во услови на зголемена инфлација. Во Париз се очекува да се соберат неколку илјади демонстранти. Се очекува и прекин во транспортот низ Франција.

Protests, strikes in France over high prices, pension reforms

Затворена кула

Ајфеловата кула во Париз денеска цел ден ќе биде затворена поради масовниот штрајк поради пензиската реформа. „Ајфеловата кула ќе биде затворена цел ден поради штрајкот“, соопштија од управата на оваа туристичка атракција во главниот град на Франција.