Црна Гора прогласи шестмина руски дипломати за персона нон грата

by Administrator

Министерството за надворешни работи на Црна Гора прогласи шест дипломати на Амбасадата на Руската Федерација акредитирани во Црна Гора за персона нон грата, поради активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и односи на взаемно почитување и почитување меѓу двете држави. – објави ова министерство на својот Твитер профил.

Специјалното државно обвинителство на Црна Гора (СДТ) води истрага против повеќе лица поради сомнение дека соработувале со руската разузнавачка служба, а црногорските медиуми јавуваат дека властите сомничат двајца црногорски државјани, шестмина руски дипломати и уште неколку руски државјани за соработка со руската тајна служба.

Меѓу нив, како што посочуваат медиумите повикувајќи се на неофицијални информации, е и Радомир Секуловиќ, поранешен портпарол и долгогодишен дипломат на Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

You may also like