Во Чешка, околу 100.000 луѓе побараа од властите директни разговори со Москва за снабдување со гас.

by Administrator

Илјадници чешки граѓани денеска излегоа на улиците на Прага за да го изразат своето незадоволство од поскапувањето на горивата и енергијата. Претходно овој месец, источноевропската земја се соочи со масовни собири, каде што околу 100.000 луѓе побараа властите да се вклучат во директни разговори со Москва за снабдувањето со гас.

Меѓу организаторите на протестот е и групата наречена „Прво Чешка!“, која се противи на Европската унија и НАТО и се залага Чешка да биде воено неутрална.

„Чешката нација воскресна и си ја враќа земјата“, изјавил еден од организаторите на толпата, отворајќи го протестот што се емитуваше на интернет на плоштадите во другите градови.

https://youtu.be/hmCGJO0mldI

Тој нагласи дека Владата има две должности – да обезбеди безбедност и економски просперитет, но дека не успеала ниту да обезбеди ниту едно ниту друго. Актуелната влада на централнодесничарскиот премиер Петр Фијала усвои серија мерки овој месец, вклучително и финансиска помош за компаниите и ограничување на цените на електричната енергија за домаќинствата.

На почетокот на септември, повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците на Прага и го кренаа својот глас против Европската унија и НАТО.

Нулта точка

 

You may also like