Рускиот претседател Владимир Путин му додели државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција Едвард Сноуден. Путин го потпиша соодветниот декрет. Во 2020 година, Сноуден објави дека ќе поднесе барање за руско државјанство. Да потсетиме дека Едвард Сноуден, поранешен вработен во ЦИА, соработник и свиркач на НСА, доби азил во Русија во 2013 година, откако ги разоткри тајните на американската програма за масовно прислушување.
Сноуден во 2019 година изјави дека ќе се врати во САД доколку му се гарантира фер судење. Патем, тој беше обвинет во Америка за предавство и шпионажа. САД го бараат за шпионажа бидејќи давал тајни информации на „Вашингтон пост“ и „Гардијан“.
Нулта точка/Медиум








