Ердоган: Сакаме да организираме средба меѓу Путин и Зеленски

by Administrator

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека би сакал да организира средба меѓу претседателите на Руската Федерација и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски. „Турција е за организирање средба меѓу претседателите на Руската Федерација и Украина“, рече Ердоган, јавува Anadolu Agency.

Тој истакна дека дијалогот на Турција со Русија и Украина напредува и како пример за такво достигнување го наведе договорот за „житниот коридор“ преку кој од Украина веќе се извезени повеќе од пет милиони тони земјоделски производи, додава Интерфакс.

(Vijesti.ba)

You may also like