Рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензја ја повика својата американска колешка Линда Томас-Гринфилд да ги врати парите украдени од авганистанскиот народ наместо да се обидува да ги натера другите да плаќаат туѓи сметки за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Авганистан.

Томас-Гринфилд за време на состанокот тврдеше дека Русија наводно премалку придонесува за финансирањето на обновата на Авганистан. „Од долгогодишните шпекулации на нашите американски колеги, ова може да се земе како покана до Русија и Кина да платат за обновата на Авганистан.

Наводно, САД и нивните сојузници плаќаат за сè“. „Цинизмот на таквите тврдења е едноставно шокантен. Од нас се бара да платиме за обнова на земјата, чија економија практично беше уништена со 20-годишната окупација на САД и НАТО“, истакна дипломатот. „Наместо да ги признаеме сопствените грешки и да се обидуваме да ги поправиме, тие не обвинуваат дека не сакаме да платиме туѓа сметка. Тоа е неверојатен предлог. Не, драги поранешни западни партнери, вие сте тие кои сами треба да си ги платите грешките“, прецизираше дипломатот. „И, за почеток, неопходно е да се вратат украдените пари на авганистанскиот народ. Помогнавме и ќе му помогнеме на Авганистан.

И предлагаме да се фокусирате на плаќањето на сметката на авганистанскиот народ за 20 години од вашата бесмислена окупација која го уништи Авганистан и го доведе неговиот народ на работ на опстанокот“, им порача рускиот пратеник на американските „колеги“. „Не може се да се мери со пари. Животите на оние кои загинаа за време на вашето наметнување на демократијата во Авганистан не можат да се мерат со пари; ниту со пари може да се купи лојалноста на народот на Авганистан, која САД очигледно целосно ја изгубија“, инсистираше Небензја.

Извор:geopolitika