Обединетите Арапски Емирати речиси целосно ги прекинаа односите со Иран откако Саудиска Арабија ги прекина односите со Техеран во јануари 2016 година. Период на зголемени тензии Прекинот на односите дојде откако иранските демонстранти упаднаа во амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран, огорчени од егзекуцијата на истакнат шиитски имам во Ријад.

По неколку години непријателство што произлезе од ова геополитичко ривалство, ОАЕ почнаа да ги обновуваат контактите со Техеран во 2019 година по неколкуте напади на саудиските нафтени терминали во Персискиот Залив, и во период на зголемени тензии предизвикани од одлуката на Вашингтон да се повлече од договорот за Нуклеарната програма на Иран од 2015 година со светските сили.

Минатата година, сунитската Саудиска Арабија почна да ги топи своите врски со шиитскиот Иран за време на пет рунди директни разговори, додека арапските земји од Персискиот залив внимателно ги следат напорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, велејќи дека договорот не се однесува доволно на иранската ракетна програма.

(TBT, агенции)