Властите во Обединетото Кралство повикаа на истрага за вишокот на смртни случаи бидејќи е објавено дека ефектите од заклучувањето може да убијат повеќе луѓе отколку Ковид-19.
Неодамна објавените податоци за вишокот на смртни случаи од британската канцеларија за национална статистика покажуваат дека околу 1.000 луѓе повеќе од вообичаено умираат секоја недела од болести кои не се поврзани со вирусот, пишува Телеграф.
Весникот вели дека Одделот за здравство и човечки услуги (DHSC) побарал да ги потврди податоците, а портпаролката на одделот изјави за новинската агенција PA дека циркулаторните заболувања и дијабетесот „може да бидат делумно одговорни“ за повеќето од вишокот смртни случаи. „Анализата е во тек, но раната истрага сугерира дека циркулаторната болест и дијабетесот може да бидат делумно одговорни за поголемиот дел од прекумерните смртни случаи“, рече портпаролката.
„Најновите податоци ја истакнуваат важноста на активното управување со ризикот кога станува збор за проблеми со срцето, бидејќи има добри докази дека многу од овие смртни случаи се потенцијално спречени“, додаде таа, пренесува Independent.co.uk.
Британските медиуми понатаму пишуваат дека оваа истрага доаѓа во време кога во Англија и Велс бројот на смртни случаи поврзани со Ковид паднал за прв пат од средината на јуни, што е нова потврда дека неодамнешниот бран на вирусот се повлекува. Канцеларијата за национална статистика (ONS) објави дека ќе објави детален преглед на смртните случаи што се случија минатиот месец подоцна во август.
Извор: superradio-minhen









