Повисоките цени на сместувањето, храната и горивата ќе одврати многу граѓани од одењето на одмор, но за други пак, не е проблем да одат и по неколку пати. Грција е најчест избор за летување на море, а политиката го намали интересот за Бугарија. Домашните угостители очекуваат бројката на туристи во земјава полека да го стигне предпандемиското ниво.
Кризата годинава ќе натера многу семејства да го прескокнат годишниот одмор, во време на рекордна инфлација и секојдневни поскапувања. Така, апартман за август, за четиричлено семејство во Грција, во сопствена режија во просек по 100-тина евра од ден, што е за 30-тина отсто поскапо од лани. Во Албанија е доста поевтино ако се оди на Јадранско море, додека на Јонско море како на пример во Саранда, цените за сместување се приближуваат до грчките. Во Црна Гора апартман може да се најде и за триесетина евра, а попристапни цени има и во Бугарија, ама таму според искуството од агенциите, поради политичката ситуација намален е интересот за летување на македонските туристи.
Покрај сместувањето, раст на цените има и кај храната и кај превозот. Затоа , ако изминатите години Музафер Синани вообичаено со семејството одел на одмор во Албанија или Грција, летово вели дека ќе останат дома.
„Нема пари, цените се покачени сегде. Цените се ептен високи за оваа година“, вели Синани.
Повеќе на: РСЕ










