Унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровнички издаде наредба унгарските вооружени сили да бидат ставени во состојба на готовност. Унгарскиот министер Кристоф Шалај-Бобровнички на Фејсбук изјави дека Унгарија се соочува со невидени безбедносни предизвици, како што се војна во соседството и „насилни илегални мигранти кои ја опсадуваат границата“.

Велика Британија објави дека ги мобилизирала своите вооружени сили, Словачка прогласи вонредна состојба, а Полска ја зголемува борбената готовност, рече унгарскиот министер и нагласи дека и тие „мора да бидат вооружени и подготвени“. Шалај-Бобровнички нагласи дека во интерес на зачувување на мирот во Унгарија, му наредил на началникот на Генералштабот Ромолуш Русин-Шенди да ги стави унгарските вооружени сили на повисоко ниво на будност.

Тоа значи, додаде тој, дека армијата ќе има повеќе вежби во наредните недели и месеци. Вежбите ќе бидат забрзани и ќе бидат повикани повеќе резервисти.

Нулта точка