Во тек е размислување за создавање меѓународна резервна валута на земјите-членки на БРИКС, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Тоа го најави во поздравното обраќање до учесниците на бизнис форумот на економското здружение БРИКС, кое го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
„Се разгледува прашањето за создавање меѓународна резервна валута врз основа на кошницата на валути на нашите земји“, изјави шефот на Руската Федерација, пренесува Тасс.
Путин изјави и дека рускиот систем за размена на финансиски пораки, како алтернатива на SWIFT, е отворен за поврзување на банките од земјите членки на БРИКС.
„Заедно со нашите партнери од БРИКС, работиме на сигурни алтернативни механизми за меѓународни плаќања. „Рускиот систем за размена на финансиски пораки е отворен за поврзување на банките од нашите пет земји“, рече тој.

Путин додаде дека руските деловни кругови, во координација со деловните заедници од земјите на БРИКС, преземаат итни чекори за развој на транспортната инфраструктура, прилагодување на логистичките рути и создавање нови производни синџири.
„Би сакал да нагласам дека стратегијата на Русија не се менува – со зајакнување на нашиот економски, технолошки и научен потенцијал, ние сме подготвени за отворена соработка со сите фер партнери врз принципите на почитување на интересите на едни со други, безусловна надмоќ на меѓународното право и еднаквост на земји и народи“, порача Путин.









