„ЏУМХУРИЈЕТ“ – еден од највлијателните и најзначајните турски весници – објави дека Турција нема корист од децениското членство во НАТО и дека треба да го напушти.
„За 70 години членство во алијансата, Турција нема никакви опипливи придобивки, а единствениот аргумент за останување во воениот блок е правото на вето во алијансата. И повлекувањето од НАТО ќе и донесе низа предности на Анкара“, недвосмислен е турскиот весник.
Весникот прецизира: „Доколку Турција ја напушти Алијансата, границата на НАТО ќе оди по линијата североисточна граница на Грција-Егејско Море-Крит-Јужен Кипар-Израел и таа промена првенствено ќе влијае на плановите на САД“. Ќе мора да се откажат од идејата за претворање на Црното Море во „Езеро на НАТО“. Сепак, САД не можат да го постигнат тоа дури и со Турција како дел од алијансата“.
„Џумхуриет“ наведува и дека повлекувањето на Турција од пактот ќе значи неуспех на американските планови за влијание на Кавказ и Централна Азија. И укажува:
„За самата Турција излегувањето од НАТО би значело преминување кон стратешко партнерство со Русија и Иран, како и интеграција во Шангајската организација за соработка и БРИКС. „Покрај тоа, по напуштањето на алијансата, САД повеќе нема да можат да ја принудуваат Турција на ништо во нивен (американски) интерес, а во Евроазија Турција ќе има силна воена моќ. Судејќи според изјавите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, САД не ја замислуваат иднината на НАТО без Турција.
Покрај тоа, САД планираат да продолжат да ја контролираат Анкара, да ја задржат својата приврзаност кон Западот и да обезбедат поддршка од Анкара за некои критични прашања.
„Џумхуриет“ заклучува дека Турција мора „да ја пресече папочната врвца што ја врзува за НАТО“ и да го затвори Црното Море и пристапот до Кавказ и Централна Азија за Американците. И да стане „дел од Големото евроазиско партнерство и новиот свет“.










