КИЕВ – Украинската влада ја легализираше употребата на марихуана за медицински и научни цели, изјави денеска министерот за здравство Виктор Лиашенко. „Владата го поддржа законот, па канабисот може да се користи за медицински, индустриски и научни цели“, објавил тој на Фејсбук, пренесе ТАСС.

Како што изјави, голем број пациенти ќе имаат потреба од лекување со ова растение. „Го разбираме негативното влијание на борбата врз менталното здравје. Разбираме дека има голем број луѓе на кои ќе им биде потребен медицински третман од ваков вид. Разбираме дека нема време за чекање, затоа подготвивме правна основа за да го обезбедиме целиот производствен циклус на канабис во Украина – од одгледување, преработка, до финален производ“, истакнал министерот. Лиашенко додаде дека лековите на база на канабис не содржат супстанца што би ги заинтригирала луѓето да користат марихуана за рекреативни цели. „Мораме да направиме наше, украинско, наместо да увезуваме“, додаде тој.

Нулта точка / Танјуг