Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во среда ќе ја посети Турција

by Administrator

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро во среда ќе ја посети Турција на покана на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ќе бидат разгледани односите меѓу Анкара и Каракас и ќе се разговара за чекорите што може да се преземат за подобрување на соработката, се вели во соопштението на турската Дирекција за комуникации. Лидерите ќе разменат мислења и за актуелните регионални и глобални прашања.

You may also like