ОСИЕК (AA) – Фудбалската репрезентација на Хрватска синоќа во првото коло од УЕФА Лигата на нации (во група 1 од Лигата А) на стадионот во Осиек неочекувано е поразена од селекцијата на Австрија со резултат 0:3, известува Агенција Анадолија (АА).

Австрија поведе во 41. минута со погодокот на Марко Арнаутовиќ. Во 54. минута гостите поведоа со 0:2 преку Михаел Грегорич, а три минути подоцна Марсел Забицер ги постави конечните 0:3.

Фудбалерите на Хрватска во продолжението од средбата се обидоа да постигнат погодок, но резултатот остана непроменет, па Австријците си заминаа со три бода.

Репрезентацијата на Белгија во групата 4 од Лигата А во Брисел е декласирана од Холандија со резултат 1:4. Головите за Холандија ги постигнаа Стивен Бергвајн, Дензел Дамфрис и два гола постигна Мемфис Депај. Единствениот погодок за Белгија го постигна Миши Батшуаји во судиското продолжение.

Резултати од вчера одиграните натпревари:

Хрватска – Австрија 0:3

Белгија – Холандија 1:4

Франција – Данска 1:2

Латвија – Андора 3:0

Лихтенштајн – Молдавија 0:2

Белорусија – Словачка 0:1

Казахстан – Азербејџан 2:0


Anadolu Agency