Помеѓу 30 и 40 лица се повредени во германскиот град Падерборн, кој беше погоден од торнадо.

Торнадото помина низ центарот на Падерборн, од исток кон запад, а најмалку 10 лица биле тешко повредени, јавија германските медиуми.

 

Причинета е и огромна материјална штета, особено во индустриската зона, каде што невремето неколку километри носело метални покриви и корнело дрвја.