Маријопул под Руска контрола: Шојгу го известил Путин дека сите екстремисти од Азовстал се предале

by Administrator

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека операцијата за целосно ослободување на „Азовстал“ и Мариупол од украинските екстремисти и војници е завршена.

„Подземните објекти на фабриката за челик каде што се криеле екстремистите се под целосна контрола на руските вооружени сили“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што се наведува, се предале вкупно 2.439 екстремисти и украински војници кои биле под блокада во „Азовстал“. Според наводите, последната група екстремисти на „Азов“ се предала, поточно 531 од нив.

ZeroDot / Сателит

You may also like