Шведска официјално одлучи да аплицира за членство во НАТО, соопшти владејачката Социјалдемократска партија. Финска и Шведска размислуваат да се откажат од долгогодишната неутралност и да се приклучат на НАТО поради руската специјална воена операција во Украина.

Шефот на Алијансата Јенс Столтенберг рече дека НАТО ќе биде среќен да ги види Финска и Шведска во своите редови и ќе им дозволи брзо да се приклучат на Алијансата.