Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров им се обрати на турските власти, потсетувајќи дека во металуршкиот комбинат „Азовстал“ во Мариупол има криминалци вклучени во бруталните убиства на цивили во Донбас.
„Администрацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека е подготвена да ги евакуира нацистите од полкот „Азов“ заробени во подрумите на „Азовстал“.
„Со сета почит кон лидерот на таа муслиманска држава, би сакал да ве потсетам дека Азовскиот полк е фашистичко-нацистичка криминална вооружена формација вклучена во бројни злосторства и убиства на цивилното население во Донбас“, напиша Кадиров на својот Телеграм профил.
Тој нагласи дека „фашистичките криминалци држат цивили во подрумите на „Азовстал“, користејќи ги како жив штит“, а „тие се познати во Украина и во странство по нивните редовни изјави кои ги навредуваат исламските вредности“.
