Saturday, June 6, 2026
Home Спорт Ракомет Македонските ракометари се пласираа на Светското првенство во 2023 година

Македонските ракометари се пласираа на Светското првенство во 2023 година

0
124

Македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25.

„Црвено-жолтите“ кои беа френетично бодрени од околу 7.000 навивачи, ја исполнија целта која се однесуваше на пласман на Мундијалот и континуитет на големите натпреварувања.

Овој меч ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет и по завршувањето на репрезентативната кариера на Филип Миркуловски, додека Лазаров за кога имаше таква најава, останува уште некој период активен репрезентативец.

На првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24.


Nova Tv