Руската воздушна одбрана соборила украински воен транспортен авион натоварен со големо количество западна воена опрема во близина на Одеса, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, пренесе РИА Новости. „Руските системи за противвоздушна одбрана во регионот на Одеса соборија украински воен транспортен авион во воздух, кој превезуваше големо количество оружје испорачано на Украина од западните земји“, изјави Конашенков.
Потврда или демант на оваа вест од страна на украинските власти се уште недостасува. Во исто време, Конашенков истакна дека целата урбана област на Мариупол (украинскиот пристанишен град на Азовското Море) е исчистена од, како што рече, „милитантите на нацистичката формација Азов, странски платеници и украински војници . „Остатоците од (таа) украинска група во моментов се целосно блокирани во областа на металуршкиот комбинат Азовстал“, рече Конашенков, додавајќи дека нивната единствена шанса да спасат животи е доброволно да го положат оружјето и да се предадат. Тој истакна дека „вкупниот број на украински војници, нацисти и странски платеници кои се засолниле во Азовстал не надминува 2,5 илјади луѓе“.









