Шест палестински групи се согласија да одржат општински, студентски и синдикални избори, објави во петокот Центарот за студии и консултации „Ал Зајтуна“ („Al-Zaytouna“).
Според центарот, високиот функционер на Народниот фронт Осама Хаџ Ахмед, изјавил дека Хамас, Исламскиот џихад, Народниот фронт, Генералната команда, Палестинската иницијатива и организацијата „Ал Саика“ („Al-Saiqa“) се договориле изборите да се одржат во следните шест месеци.
Хаџ Ахмед рече дека групите планираат да се состанат по крајот на светиот месец Рамазан, за да разговараат за механизмите за одржување избори во три фази.
Функционер на Народниот фронт рече дека шест групи се уште не го одредиле датумот на изборите, но изјави дека за тоа ќе се одлучува на состаноците по Рамазан.
Хамас ја отфрли одлуката на палестинските власти изборите да се одржат етапно и го услови одржувањето на сите палестински национални избори, заедно во согласност со договорот на сите палестински фракции.
По неодамнешните состаноци меѓу палестинските фракции, Хамас го промени својот став за да им даде можност на Палестинците да учествуваат во изборот на нивните претставници во некои национални институции.










