Ако им верувате на мејнстрим западните медиуми, тогаш сте убедени дека во Украина нема нацисти и дека сето тоа е руска пропаганда. Згора на тоа, сега според најновoто, испаѓа дека Русите се всушност нацисти.
Меѓутоа, во таков случај, кога е тешко да се поверува во нечија воена пропаганда, најдобро е да се вратиме на периодот пред војната и пред Мајданската (шарената) револуцијата и да видиме како стојат работите тогаш. Ова видео е снимено во 2013 година за време на натпревар на стадионот во Лавов – тоа е најголемиот град во западна Украина, односно делот од Украина кој е најблиску до Европа, а во кој живеат најмалку Руси.
Можеме да видиме како целиот стадион скандира „Слава на Украина“ и ја крева десната дланка во нацистички поздрав.
“The nazi problem in Ukraine is just Russian propaganda”pic.twitter.com/ZR1w1qHC0Q
— Nick Cruse 🥋 (@SocialistMMA) April 7, 2022
Значи, јасно е дека „Слава на Украина“ е нацистички извик, кој оди со нацистичкиот поздрав. И јасно е дека тоа е доминантното расположение кај овие луѓе. Ниту една нација не треба да ја оценуваат своите фанови, бидејќи тоа секако не е најубавата слика, но обидете се да замислите што би се случило кога би пробале вакво нешто во Русија. Полициските палки би работеле, а затворите би се полнеле, што е точно. Во Украина тоа очигледно е дозволено, бидејќи никој не бил казнет. УЕФА беше единствената која ги казни и им забрани да играат дома, уште во 2013 година.
И денес ситуацијата е иста. Нацист можеш да бидеш и денес, но само ако си Украинец или ако ја поддржуваш Украина.
