Две жени се бакнуваат пред очите на деца. Геј бакнежот ќе биде прикажан во анимираниот филм „Лајтир“. Вистинската приказна за Баз“, чие емитување во кината е закажано за 17 јуни. Филмското студио Pixar Animations (сопственост на Дизни) носи приказна инспирирана од истоимената играчка (Баз Лајтир) од анимираниот филм „Toy Story“, од времето пред „Toy Story“.
Некои вработени во Pixar го обвинија највисокото раководство за цензурирање на бакнежот меѓу Алиша Хоторн, една од протагонистите на филмот на Дизни „Lightyear“ и друга жена. Самата врска меѓу двата лика никогаш не била доведена во прашање, но бакнежот меѓу двајцата е отстранет. Според вработените, „по наредба на повисокото раководство, речиси секое изразување на геј наклонетост е цензурирано без оглед на протестите на креативните тимови и раководството“.
Но, тоа не траеше долго и раководството на Дизни ја смени плочата.
„Забрането е да се каже геј“
Вработените протестираа против Дизни и во исто време против новиот закон, кој го преименуваа во „Не кажувај геј“, кој неодамна беше усвоен на Флорида и предвидува децата до трето одделение во училиштата да не зборуваат за промена на пол и родова идеологија. Како што е објаснето на англиската страница на порталот iFamNews, темата секој ден е се пожешка и со себе носи културни и политички импликации од големо значење, само поради фактот што кога велиме Дизни, таа не потсетува на детството, а секој нападот на родовата идеологија врз детството е двојно поодвратен, а воедно и крајно идеолошки.
Дизни против Флорида
Протестот на вработените го принуди највисокото раководство да интервенира. Извршниот директор на Дизни, Боб Чапек, на 11 март изјави дека законот на Флорида ќе биде „уште еден предизвик за човековите права“, додавајќи дека компанијата ќе ја зголеми поддршката за активистите кои се борат против слични закони во други држави и ќе ги запре политичките донации во Флорида. „Знам дека има уште многу работа да се заврши. Посветен сум на оваа работа и на сите вас, и ќе продолжам да се ангажирам со ЛГБТК + заедницата како би постанале подобри сојузници“.










