За разлика од пред две децении, сега има скоро 140 илјади повеќе луѓе над 60 години. Бројот на млади до 29 години, пак, се намалил за 270 илјади луѓе. Потребна е промена на политиките, имајќи ја предвид ваквата демографска структура на населението.

Овозможување на пензионерите, барем сезонски или повремено, да се вклучуваат на пазарот на труд, како и поголеми инвестиции во старечки и пензионерски домови, како и создавање на кадар за работа во нив, се работите кои ќе мора да се прават во наредниот период, имајќи ги предвид податоците од пописот за забрзано стареење на населението. Економскиот аналитичар Горан Рафајловски, пак, вели дека Македонија ќе треба да ги отвори вратите и за работници од странство.

Резултатите од пописот покажуваат дека Македонија сега има 1,83 милиони жители,185 илјади помалку од претходниот попис во 2002 година.

Сепак, бројот на стари луѓе се зголемува, на сметка на огромното намалување на млади и работоспособни луѓе.

За разлика од пред две децении, сега има скоро 140 илјади повеќе луѓе над 60 години.

Ако во 2002 година имало 303 илјади луѓе над 60 години, сега има над 440 илјади луѓе на таа возраст.

Бројот на млади до 29 години, пак, се намалил од 907 илјади на 638 илјади луѓе, односно намалување за 270 илјади луѓе.

Повеќе на РСЕ