Трет извршен напад во Израел за една недела…
Во извршениот вооружен напад во градот Бени Барак животите ги загубија 4 лица, а напаѓачот е застрелан и убиен од страна на полицијата.
Во објавеното соопштение од страна на израелската полиција се истакнува дека во градот Бени Барак „еден вооружен терорист отворил оган врз цивилите на улица со автоматска пушка, а потоа преминал на друга улица и таму пукал врз цивилите“.
Како што се истакнува, напаѓачот бил неутрализиран со тоа што бил застрелан и убиен од страна на безбедносните сили.
Во соопштението не се наведени детали за идентитетот на напаѓачот или на жртвите.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет објави писмено соопштение во врска со вооружениот напад.
Укажувајќи дека ова е трет напад за една недела во земјата, Бенет рече: „Израел се соочува со бран на смртоносен арапски тероризам.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет нагласи дека ќе ја продолжат борбата против тероризмот и продолжи со следните зборови: „Моето срце е со семејствата кои ги загубија своите сакани. Се молам за оздравување на повредените. Безбедносните се на својата задача. Ќе се бориме против теророт со истрајност, елан и со железна тупаница. Нема да можат да не извадат одовде. Ќе победиме ние.“
Во меѓувреме, по нападот во градот Бени Барак израелската армија соопшти дека ќе испрати засилување на Западниот Брег против можноста за „инфилтрирање на Палестинците“.
Началникот на Генералштабот Авив Кохави нареди да бидат испратени дополнителни сили како засилување во областа во близина на Зелената линија, Ерусалим (Кудс) и неговите населби, во големите еврејски населби и на Западниот Брег.
Како што се истакнува бројот на дополнителните сили за засилување кои ќе имаат задача да го спречат инфилтрирањето на Палестинците во Израел е 4 баталјони војници.
Од друга страна, и израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид соопшти дека нивото на тревога е подигнато на највисоко ниво поради последователните вооружени напади во земјата во последните денови.
Лапид рече: „Одлучивме да го подигнеме нивото на тревога на највисоко ниво од воената операција „Чувар на ѕидовите“ (израелските напади врз Газа во мај 2021 година) и значително да ги зајакнеме нашите сили на теренот.“
Инаку, во извршениот напад со нож на градот Бирусеба на југот на Израел на 22 март загинаа 4 цивили. Потоа во градот Хадера животите ги загубија двајца полицајци, а тројца полицајци беа ранети во отворениот оган од страна на двајца напаѓачи вечерта на 27 март.
Во последниот извршен напад, трет за една недела, во градот Бени Барак, едната од најнаселените населби со ултраортодоксни Евреи во израел животите ги загубија уште 5 лица, додека напаѓачот беше застрелан и убиен од страна на полицијата.
На тој начин, во овие извршени три напади за една недела во Израел, загинаа вкупно 11 лица.
Одговорноста за последниот напад ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
Во меѓувреме, Амбасадата на Türkiye во Тел Авив соопшти дека го осудува нападот.
Во споделеното соопштение на профилот на Амбасадата преку социјалните мрежи се истакнува следното: „Со жалење е дознаено дека најмалку 5 лица ги загубија животите во терористичкиот напад што се случи во градот Бени Барак во Израел, вечерта на 29 март. Го осудуваме овој терористички напад.“
Во соопштението се наведува дека се чувствува загриженост дека овие напади, кои се зачестија во Израел во последните денови, повторно ќе го вовлечат регионот во конфликт пред наближувањето на муслиманскиот месец на постот Рамазан (2 април-2 мај) и еврејскиот празник Пасха.
Освен тоа во соопштението од Амбасадата на Türkiye во Тел Авив се додава следното:„Изразуваме сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите во градот Бени Барак, како и до Владата на Израел и неговиот народ, а на повредените им посакуваме брзо оздравување.“
Извор:ТРТ








