Секојдневни препукување меѓу политичките пратии преовладуваат, а граѓаните велат дека тие повеќе се напаѓаат отколку што нудат решенија за проблемите. Политичкиот аналитичар Џељал Незири вели дека партиите користат речник кој е разбирлив за граѓаните и за нив не важна суштината, туку формата.
Меѓусебни етикетирања и навреди е вокабуларот кој секојдневно превладува кај политичките партии, особено кај владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку нивните прес-конференции, соопштенија или изјави.
Волкот влакното го менува исто како Артан Груби што менува коалиции, но карактерот не. Дарко Каевски од голтар преку функционер од СДСМ до милионер. Ова се некои од насловите на соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе денови. Во државава имаме политичари што голтари влегуваат во политика, се зборовите кои лидерот на партијата, Христијан Мицкоски ги употреби во една од неговите изјави, а во друга изјава и реченицата- Послушници на заевизмот во кој што прв е сега Ковачевски.
На сличен начин возвраќа и СДСМ па така еден од насловите на нивните соопштенија е дека ВМРО-ДПМНЕ е доказ како од голтарска се станува најбогата партија во Европа. Потоа и порачуваат на партијата и на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да престанат со, како што велат, аздисување. Премиерот Димитар Ковачевски пак, рече дека Мицкоски е поставен како портпарол на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Последниве година и половина се откажав од следењето на понудите на политичките партии. Веќе видовме дека сите верглааат едно исто. Значи релативизираат, го напаѓаат противникот, а ништо конкретно не преземаат околу конкретни мерки и акции кои биле планови од нивните програми“, вели младиот скопјанец, Александар Ристовски.
Повеќе на:РСЕ








