Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, денес рече дека руската војна во Украина мора веднаш да се прекине, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Мораме што порано да ја запреме оваа војна, мораме да ги исфрлиме непријателските војници од Украина“, рече Владимир Зеленски во обраќањето пред пратениците во италијанскиот Парламент.

Тој ѝ се заблагодари на Италија и на другите земји бидејќи им пружиле засолниште на Украинците што бегаат од војна.

Во обраќањето по пат на видеоповик, Зеленски повтори дека Украина никогаш не настојувала да ја започне војната или да биде во војната. Рече дека „само една личност“ мора да се запре за да се спасат милиони, имплицирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.

 

Војната на Русија и Украина, што започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и поттикна истапување на глобалните фирми од Русија.

 

Најмалку 925 цивили се убиени, а околу 1.500 се ранети во Украина од почетокот на војната. Во исто време, повеќе од 3,5 милиони луѓе се во соседните земји, според проценките на Обединетите нации.