58.000 Украинци бегајќи од војна се засолнија во Турција

by Administrator

Десетици илјади Украинци кои бегаат од руската војна во нивната земја најдоа засолниште во Турција, земја која згрижува најголем број бегалци во светот, изјави синоќа турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, известува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи во емисија во живо на „TV NET“, министерот Сојлу рече дека 58.000 Украинци пристигнале во Турција од почетокот на конфликтот и дека неговата земја никогаш не ги дискриминирала бегалците врз основа на нивната земја, потекло или етничката припадност.

Сојлу истакна дека Турција е домаќин на околу 3,75 милиони сириски бегалци и дека перспективата на турската влада по прашањето на миграциите се разликува од онаа на Европа, додавајќи дека Турција се обидува да го подобри просперитетот во регионот со прекугранични операции во Сирија и дека миграцијата не може да забави се додека не се воспостави мир во регионот.

Војната на Русија против Украина, која започна на 24. февруари, се соочи со остра осуда од меѓународната заедница и беше пречекана со строги западни и сојузнички санкции и контрола на извозот. Економските последици во Русија се влошија со истапувањето на глобалните фирми од земјата.

Според проценките на ОН, најмалку 925 цивили се убиени за време на војната, а 1.496 се повредени.

Меѓународното тело сепак предупредува дека вистинската бројка е „значително повисока“.

You may also like