Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Битката на Чанаккале е голема епопеја на херојство и рече: „Народот вљубен во независноста, пред 107 години го промени текот на историјата “.

Претседателот Ердоган одржа говор на церемонијата на Споменикот на хероите по повод 107-та годишнина од победата на Чанаккале.

Тој изјави дека Битките на Чанаккале (Галиполе) беа голема херојска епопеја каде биле прикажани високите доблести на нацијата како патриотизмот, самопожртвуваноста и храброста и дека народот вљубен во независноста, пред 107 години го промени текот на историјата.

Нагласувајќи дека најсилните армии на светот беа фрустрирани пред лицето на верните срца во Чанаккале и дека вербата надвладеа против духот на окупацијата, Ердоган рече: „Се виде дека не постои сила или оружје што може да се спротивстави на нацијата да ја брани својата татковина и слобода по цена на својот живот. Турската нација им даде надеж на сите угнетени со својата единствена борба во Чанаккале, а многу колонијални земји започнаа свои борби со инспирацијата што ја добија од Чанаккале. Гледано од тој аспект, победата во Чанаккале е заедничка победа не само за нас, туку и за стотици милиони наши браќа и угнетени народи“.

„Чанаккале го одразува и симболизира нашето вечно братство и судбинско партнерство како нација“ рече Ердоган потенцирајќи: „Нека нашиот Господ не не одвојува од патот на нашите хеори. На 18 март, Денот на хероите, го одбележувам споменот на сите наши хероиз, особено Гази Мустафа Кемал, командантот на Анафарталар и основачот на нашата Република и посакувам Божја милост“.