За прв пат во џамијата Кадан Ана, од Штип, синоќа по повод благословената ноќ Лејлету – Л – Берат беше проучена Хатма дова.
Свеченоста на Хатма дова беше проучена од страна на 6 девојчиња и девет машки деца талебиња кои посетуваа настава и изучуваа Кур’ан при оваа џамија и истата успешно ја завршија.
На свеченоста присуствуваа Муфтијата Насир.еф Реџепи, претходниот муфтија Иса еф.Исмаили, кој воедно и проучи и дова за Хатмата, а исто така, свеченоста беше збогатена со присуство и на представници, професори од Штипското медресе.
Во текот на свеченоста пред присутните талебињата проучуваа делови од Кур’анот, верска поезија (илахии) и други делови поврзан со исламот.
Муфтијата Реџепи, во своето обраќање пред присутните истакна дека ова е многу добар пример за Штип, бидејќи се случува за прв пат, а друга работа е тоа што сето ова е направено благодарение од страна на еден од нашите имами кој токму доаѓа од нашиот регион, г-динот Шабановски.

Во продолжението тој напомена дека вакви свечености правени се и во други делови на источна Македонија, меѓутоа истите се организирани од имами кои што ни доаѓаат од Турција.
Исто така сакам да истакнам дека една од нашата најголема должност е и децата да ги подучуваме на нашата вера. На свеченоста по повод проучување на Хатма, присутни беа околу 500 граѓани од Штип и околината.
Свеченоста беше организирана од страна на иаммот Ердован Шабановски и Џамискиот одбор при џамијата Кадан Ана-Штип.
Се надевам дека ова, и ИншАллах ќе биде почеток на една традиција, која ќе ја продолжиме и понатаму, се разбира преку организирање и на други свечености поврзани со датуми на исламот, истакна имамот при џамија Кадун Ана, еф.Ердован Шабановски.

















