Конкретни мерки за помош на македонското земјоделство за спас на реколтата но и помагање да не остане државата без производство на домашна храна. Низата посакапувања и откажаните традиционални пазари се закана дека дел од пролетното производство ќе остане без пласман, а земјоделците нема да имаат ресурси за да ја засадат втората култура. Затоа апелираат да се стимулира и олесни прозиводствениот процес.
Од Куклиш пак, каде се произведува голем дел од струмичкото раноградинарско производство апелираат да се искористат дипломатските претставништва и да се контактираат големи преработувачки капацитети во странство во услови кога се затворени пазарите во Русија и Украина.
Барањето интервенција од ресорното министерство и Владата доаѓа на само десетина дена пред стартот на бербата на пролетната зелка.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=TLrkDGXtttA[/embedyt]
Telma










