Saturday, April 18, 2026
Home Руско-украинска војна Тврдење на британските воени разузнувачи: Русија гаѓа населени области во Украина

Тврдење на британските воени разузнувачи: Русија гаѓа населени области во Украина

134
0

Британската воена разузнувачка служба денеска соопшти дека руските сили гаѓаат населени области во Украина, но дека силниот отпор го забавува напредокот на Русија, јави агенцијата ДПА.

Степенот и силата на украинскиот отпор продолжува да ја изненадува Русија, соопшти британската воена разузнавачка служба.

Русија „одговори со гаѓање на цели во населени места на неколку локации, вклучувајќи ги Харков, Чернихов и Мариупол“.

Русија употреби слична тактика и во Чеченија во 1999 година и во Сирија во 2016 година, користејќи и воздушна и копнена муниција, соопшти британската воена разузнавачка служба, пренесе ДПА.

Русија постојано негира дека гаѓа цивилни области.

Nova Tv